Детроит без првиот пик Канингам до крајот на сезоната

Првиот избор на минатогодишниот НБА драфт, кошаркарот на Детроит, Кејд Канингам, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операцијата на левото потколено.

Канингам се повреди на 9 ноември и оттогаш е надвор од теренот, а во меѓувреме во консултација со лекарскиот тим е одлучено кошаркарот да се оперира за да може целосно да биде подготвен за следната сезона.

До повредата Канингам оваа сезона имаше просек од 19.9 поени, 6.2 скокови и 6.0 асистенции на 12 натпревари.

Детроит со седум победи и 22 порази има најлош ефект во целата НБА лига.

Треба да знаете
Последни објави