ЦИВИЛ денеска одржа промоција на песната „Insieme/Заедно“. Со оваа иницијатива, Цивил дава свој придонес кон цврстата и недвосмислена определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство. Време е сите граѓанки и граѓани без оглед на нивната припадност и потекло, сите политички партии, верски заедници, граѓански и политички организации, групи и иницијативи, да се обединат во заедничката цел и стратешката определба на државата – членство во ЕУ.
Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек.
Цивил ги повикува сите политички партии во земјата да станат дел од оваа иницијатива, јасно да ги артикулираат своите ставови и дадат конкретен придонес кон македонската иднина во Европската Унија.
„Оваа песна им ја подаруваме на сите граѓанки и граѓани, а политичките партии ги повикуваме да ја прифатат оваа иницијатива како своја и преку неа да ги промовираат своите европски ставови и определби на јавните настани што ќе ги одржуваат во наредниот период. Од денеска напладне, познатиот хит ќе се слуша и на македонски“ – велат од Цивил, во пресрет на промоцијата.