Еурофарм Пелистер ремизираше 29-29 против Бидасоа во новиот европски предизвик за битолскиот клуб.
Откако пред една седмица претрпе убедлив пораз од шпанскиот тим, македонскиот вицепрвак овојпат се покажа во далеку подобро светло. „Пелистерци“ беа подобар ривал во првото полувреме, потоа следеше сериозен пад во финишот, по кој избраниците на тренерот Валтер едвај стигнаа до бод на овој натпревар.
Хосни со осум гола беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер, седум реализираше Танкоски, а под своето ниво одигра Хенберг, со четири гола од 11 обиди.