Фудбалската легенда на белградска Црвена звезда, Синиша Михајловиќ веќе три години се бори со леукемијата. Италијанскиот новинар каде Михајловиќ ја заврши играчката и почна тренерска кариера, Илардио Ди Џиова од „Радио Радио“ објави дека состојбата на српскиот тренер се влошила. Утрово тој ги потврди лошите вести и искажувајќи поддршка за Михајловиќ да издржи во новата битка. Михајловиќ имаше успешна трансплатација на коскена срж, но сега болеста се вратила и ситуацијата се влошила. Засега нема детални информации за колку влошена состојба станува збор. Никој од неговото семејство не се огласил во јавноста. Информациите на Ди Џиова се дека сега Михајловиќ е во стабилна здравствена состојба, но таа е многу полоша од претходно.