Модриќ: Не ми се верува дека досуди пенал, Орсато е еден од најлошите судии

Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација, тешко го прифати поразот од Аргентина со 3-0 во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Асот на Реал Мадрид смета дека судијата Даниеле Орсато одиграл значајна улога во триумфот на Меси и неговите пријатели.

„Бевме добри, ја контролиравме играта, а потоа имаше корнер, кој судијата не ни го досуди и пенал, за кој не мислам дека не постоеше. Тоа промени сè. Не ми се верува дека го досуди тој пенал. Но, тоа не можеме да го промениме. Мора да се опоравиме и да се обидеме да победиме на следниот натпревар“, изјави Модриќ.

Ветеранот додаде дека Аргентина е подобра, но не застана со критиките кон судењето.

„Аргентина победи фер, тие беа подобри, го заслужија триумфот, но мора да се спомнат некои работи, што јас нормално не ги правам. Не сакам да зборувам за судиите, но овој е еден од најлошите. Не го паметам по добро, катастрофа. За мене тоа што го досуди не е пенал“, смета Модриќ.

Хрватска во малото финале во Катар ќе игра против поразениот од вечерашниот двомеч меѓу Франција и Мароко.

Треба да знаете
Последни објави