Кијану Ривс тајно ја запросил својата партнерка Александра Грант по четири години врска, дознаваат американски таблоиди.
Магазинот „ОК“ во март годинава објави дека Ривс бил забележан како купува веренички прстени во Лос Анџелес.
Извор близок до холивудскиот актер открива за истиот магазин дека Ривс ја запросил откако се вратил дома од патување во Европа каде што снимал неколку филмови.
„Тогаш сфати дека не може да живее без неа,“ рече изворот.
Иако парот го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, таблоидите дознаа дека Сандра Булок имала улога во запросувањето.
„Тоа беше искрен разговор со Сандра, која конечно го инспирираше да стави прстен“, рече изворот, „и тој е многу среќен што го направи тоа“.
Парот се запознал на вечера во 2009 година и воспоставил професионално пријателство. Грант, која работи како визуелен уметник, соработувала со Ривс на поетска книга во 2011 година и втора книга во 2015 година.
Тие заедно основаа издавачка компанија, X Artists Books, во 2017 година. Истата година, наводно, ја започнале својата романтична врска.
Кијану (58) и Александра (49) не ја потврдија својата врска сè до 2019 година кога заедно прошетаа на црвениот тепих на LACMA Art & Film гала.
Единствената друга официјална врска на актерот од „Матрикс“ била со неговата покојна девојка Џенифер Сајм (од 1998 до 2000 година). Таа загина во сообраќајна несреќа на 28-годишна возраст.