Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пофали Меси и Аргентинците за пласманот во финалето на Светското првенство 2022, но не заборави да упати честитки и за Хрватите за високиот пласман.
Најпрвин Ѓоковиќ на социјалните мрежи напиша: „Браво, Лео и Аргентина”.
Потоа следуваше и коментар за хрватската репрезентација и Дејан Ловрен и Лука Модриќ: „Честитки за ова, момци, и на целиот тим на уште едно сјајно првенство”.
Еден од најдобрите светски тенисери уште еднаш докажа дека е голем спортист и дека знае да ги цени успесите на другите.
Аргентина вчеравечер ја победи Хрватска со 3:0 и се пласира во финалето на Мундијалот во Катар.
Вечер од 20 часот е второто полуфинале во кое се среќаваат Мароко и Франција.