Извршниот директор на „Тесла“ официјално ја загуби титулата најбогат човек на светот од францускиот бизнисмен Бернар Арно, челник на компанијата за луксузни брендови ЛБМХ, објави британски „Индипендент“.
Маск беше на оваа позиција од септември 2021 година, кога го презеде првото место од основачот на „Амазон“, Џеф Безос.
Арно раководи со најголемиот конгломерат на луксузни брендови во светот. Французинот, кој го нарекуваат крал на светскиот луксуз, под капата на својата групација ЛВМХ стави десетици луксузни брендови, меѓу кои Луј Витон“, „Тифани“, „Селин“ и „Таг Хоер“.
Новиот сопственик на „Твитер“ ја загуби позицијата на врвот на листата во понеделникот, откако акциите на „Тесла“, кои изгубија половина од вредноста во 2022 година, паднаа за околу 6,3 отсто, според „Форбс“.
Падот на вредноста на акциите се случи откако Маск во октомври неволно затвори 44 милијарди долари за „Твитер“.