Европска фудбалска Суперлига каква заговараа големите клубови на Стариот континет тешко дека ќе може да заживее. Денеска натпреварување во кое би учествувале само најголемите и најбогатите клубови во Европа кои поднесоа жалба до Европскиот суд на правдата, тврдејќи дека ФИФА иУЕФА имаат монополска позиција, со која ги нарушуваат правата на конкуренција и забрануваат учество во алтернативни натпреварувања, денеска добија негативен одговор. Судот им возвратил дека наводите кои клубовите им ги препишуваат на УЕФА и ФИФА не се точни, пренесе „Атлетик“.
Правилата на ФИФА и УЕФА, според кои се играат сите натпреварувања, се во границите на законите на Европската унија за натпреварувања – изјави главниот адвокат на Европскиот суд на правдата, Атанасиос Рантос.
Случајот се однесува на минатогодишниот спор меѓу УЕФА и ФИФА од една страна и Европската Суперлига од друга, кој пропадна за помалку од 48 часа по негодувањето од навивачите, владите и играчите кои ги принудија Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид да се повлечат од проектот.
И УЕФА излезе со соопштение во коие се вели:
-УЕФА го поздравува недвосмисленото мислење на главниот адвокат Рантос, што е чекор напред кон зачувување на постоечката динамична и демократска структура на европската фудбалска пирамида. Таквото мислење ја зајакнува централната улога на федерациите во заштитата на спортот, претставувајќи ги основните принципи на спортски заслуги и отворен пристап за сите наши членови – се вели во соопштението на УЕФА.
Иако мислењето на Европскиот суд на правдата не е обврзувачко, се смета дека е доволно силно за да се стави крај на идејата за формирање на Суперлига, која не би била под покровителство на УЕФА и ФИФА.