Фолк пејачката Андријана Андреевска ја изгуби битката со ракот. Веста дека младата пејачка починала ја објавија нејзини колешки, пишува Фокус.
Мајка на едно дете, живееше во Скопје, присутна на сцената речиси две децении, колегите ја опишуваат како скромна личност која никогаш не сакаше премногу да се експонира. Настапуваше на голем број на фолк фестивали-Прилеп Фест, Охридски трубадури, Роса Фест, Филиграни и други.
-Три години лавовски се бореше со лошата дијагноза, рак на белите дробови. Храбра жена, посветена мајка, човек со голема душа, раскажуваат нејзини колешки за ,,Фокус”.
Имаше голем број на турнеји кај нашата дијаспора и соработуваше со повеќе бендови.
Во 2014 година и се случи трагедија, кога нејзиниот долгогодишен партнер почина.
Колегите велат дека беше чиста душа која многу ќе недостига. ,,Лажно срце”, ,,Одисеја”, ,,Ти ми требаш”, ,,Жена сум пак” и многу други авторски песни со кои настапуваше на фестивалите останаа зад неа.