Дебакл на Милвоки на гостувањето кај Мемфис

Милвоки Бакс доживеа дебакл на гостувањето кај Мемфис Гризлис (142-101). Шампионот од пред две години одигра очајно во одбрана и заслужено беше поразен. Дури осум кошаркари на домашниот тим запишаа двоцифрен учинок. Меѓу нив најефикасен беше Џа Морант кој оствари „трипл-дабл“ со 25 поени и по десет скока и асистенции.
М
емфис буквално го прегази тимот на Милвоки победувајќи го со 41 поен разлика, па Морант не мораше да игра многу, беше поштеден во вториот дел од мечот.Најефикасни во составот на Милвоки беа Адетокумбо и Портис со по 19 поени.

Екипата на Феникс Санс им се врати на победите и славеше (95-111) на теренот на Лос Анџелес Клиперс, кај кого одмораше стартната петорка. Тимот од Аризона одигра фантастичен прв дел во кој си направи огромна залиха за остатокот од натпреварот. Микал Бриџес беше најрасположен за игра со 27 поени. Сепак,

Најинтересно беше во Солт Лејк Сити каде кошаркарите на Јута Џез по петминутно продолжение го добија мечот со Њу Орлеанс Пеликанс (132-129). Џордан Кларксон постигна клучни поени во завршницата и беше прв стрелец кај „џезерите“ со 39 поени, а 31 постигна Лаури Марканен.

Треба да знаете
Последни објави