Хрватот Чориќ ја освои наградата на АТП за повратник на годината

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ победи во конкуренција на Швајцарецот Стен Вавринка, Кинезот Ву Џибинг и Доминик Тием од Австрија, и ја освои наградата на АТП за повратник на годината, откако во изминатите 12 месеци напредуваше на ранг-листата од 278. на 26. место.

Чориќ годинава имаше импресивно враќање на тенискиот терен, откако отсуствуваше од тенисот во 2021 поради операција на десното рамо.

Неговиот најголем успех во 2022 е триумфот на АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Синсинати, совладувајќи ги на патот до титулата Рафаел надал, Феликс Оже – Алијасим и Стефанос Циципас.

„Исклучително сум среќен поради освојувањето на оваа награда. Многу ми значи, како што ми значеше и целата оваа успешна година која се случи по сите проблеми низ кои морав да минам. Можам само да се надевам дека идната година ќе биде уште поуспешна”, изјави Чориќ.

Треба да знаете
Последни објави