Веста за смртта на легендараниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, предизвика огромни реакции во спортскиот свет и предизвика тажни емоции кај сите вљубеници во најважната споредна работа, но пред се ѕвездите кои имаа чест да работат со него односно да „војуваат“ со него на терените.
Меѓу првите што преку социјалните мрежи се збогува со доскорешниот тренер на Болоња и некогашен фудбалер на Црвена звезда беше и легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, а своите емоции ги покажаа и Елиф Елмас, Стефан Ристовски и Столе Димитриевски.