Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев денеска по веста за прераната смрт на Синиша Михајловиќ, некогашен соиграч од шампионската генрација на белградска Црвенз звезда со која ја покорија Европа, остана скршен од болка и без зборови.
-Немој да се лутите, никогаш не бегав од разговор. Не знам, не можам. Ме погоди многу оваа вест, ова е катастрофа. Што да ви кажам? Едноставно немам сила да зборувам, жал ми е што нè напушти, вели Панчев.
Михајловиќ почина на 53-годишна возраст.