Експлодира аквариум висок 16 метри во Берлин: Милион литри вода и 1.500 различни риби завршија на улица

Огромен аквариум со милиони литри вода експлодираше во предворјето на „Радисон блу“ во Берлин, поплавувајќи ги хотелот и околните улици. Четиринаесет метри високиот „Аквадом“, во кој живееја 1.500 тропски риби, се сметаше за најголемиот самостоечки цилиндричен аквариум на светот.

Полицијата кажа дека е причинета „неверојатна поморска штета“ и дека две лица се повредени од искршеното стакло. Гостите се преместени од хотелот.

Аквариумот беше модернизиран пред две години и не е познато што е причината за неговото кршење. Повеќе од 100 пожарникари се распоредени во и околу хотелот.

„Огромно количество вода се истури на околните улици. Возачите се предупредени да возат внимателно“, соопшти полицијата.

Извори од полицијата кажаа дека нема докази дека имало насилен напад на аквариумот, кој содржеше повеќе од 100 различни видови риба. „Аквадом“ беше отворен во 2003 година и негова изградба чинеше 12,8 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави