Со награда „Синиша Михајловиќ“ за најубав гол од слободен удар секоја година ќе се присетуваме на големиот мајстор за ваквите прекини

Светската фудбалска јавност тагува по Синиша Михајловиќ, а вечерва на површина излезе и интересна идеја што може да го овековечи ликот и делото на прославениот српски фудбалер и тренер.

Познатиот спортски новинар Мајкл Јокин покрена иницијатива за воведување на специјална награда што ќе го носи името Синиша Михајловиќ и секоја година би се доделувала на стрелецот на најубавиот гол од слободен удар.

Првичните реакции на кампањата што ја почнува Јокин се крајно позитивни, но останува да се види кој ќе ги претвори зборовите во дела, за и официјално да организира еден ваков избор и да доделува награда за најдобар гол од слободен удар во една календарска година.

Треба да знаете
Последни објави