– Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа синоќа на домашен терен Денвер со 126-108 во натпревар во кој гостинскиот центар Никола Јокиќ го собори клупскиот рекорд според бројот на скокови.
Јокиќ дуелот го заврши со 25 поени, 11 скокови и осум асистенции и стана најдобар скокач во историјата на Денвер во НБА лигата.
Јокиќ сега има 5.713 скокови, шест повеќе од Ден Ајсел.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:
Шарлот – Атланта 106:125,
Детроит – Сакраменто 113:122,
Бостон – Орландо 109:117,
Кливленд – Индијана 118:112,
Филаделфија – Голден Стејт 118:106,
Торонто – Бруклин 116:119,
Чикаго – Њујорк 94:114,
Оклахома – Минесота 110:112,
Далас – Портланд 130:110,
ЛА Лејкерс – Денвер 126:108.