Аргентина за освоената титула светски фудбалски првак заработи награда од ФИФА 42 милиони долари. Франција која ја предаде титулата како вторпласирана заработи 30 милиони долари.
Хрватска за освоеното трето место и бронзениот медал заработи 27 милиони долари, а четвртопласираниот Мароко 25 милиони долари.
Вкупниот награден фонд на ФИФА за овој Мундијал изнесуваше 400 милиони долари.