Франција и Аргентина ќе го играат финалето на Мундијалот во Катар, цел свет ќе гледа дали Лео Меси ќе го крене престижниот трофеј или Французите ќе станат само третата велесила (по Италија и Бразил) што ја одбранила титулата светски првак.
Покрај бројните навивачи, на стадионот Лусаил ќе пристигнат и бројни ѕвезди кои со своите настапи ја одбележаа историјата на споменатите репрезентации.
Една од поканетите легенди беше глобално популарниот Зинедин Зидан. Сепак, Французите останаа шокирани од неговата објава во која му се „заблагодари“ на здружението за поканата и – одби да дојде!
Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека легендарниот Зизу се надевал на место на селекторската клупа откако Дидие Дешамп најави дека се простува од националниот тим по Катар.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид и прославен капитен на „триколорите“, наводно одбил голема понуда од ПСЖ ова лето со надеж дека ќе ги преземе “триколорите“. Дополнително, Дешамп пред Светското првенство во Катар изјави дека се збогува по првенството, дека тоа е негова конечна одлука и дека конечниот резултат нема да влијае на таа одлука.
Сепак, Дешамп очигледно се предомислил кога Федерацијата му понудила продолжување на договорот по СП.
-Да се биде селектор на Франција е најдоброто нешто што ми се случило. Сè уште сум страстен за селекторската улога како порано“, изјави поранешниот соиграч на Зидан од репрезентацијата.
Поради ваквата неочекувана низа на настани, француските медиуми објавија дека Зинедин Зидан разочарано ја одбил поканата бидејќи се чувствува измамен и нема да присуствува на финалето во Лусаил.