Фудбалската репрезентација на Франција со два гола на Килијан Мбапе за само две нецели минути во 80 минута од пенал и 82 успеа да ја анулира големата предност на Аргентина (2:2) и за одбраната на титулата ќе има дополнителни триесет минути. Финалето на 22. Светско фудбалско првенство ќе има дополнителни 30 минути игра во кои Франција ќе влезе психолошки посилна, бидејќи иако ја немаше никаде до израмнувачките голови на Мбапе, во финишпот беше тимот кој ги диктираше настаните на теренот против емотивно испразнертите Аргентинци.
На головите на фудбалерите на Франција се радуваше францускиот претседател, Емануел Макрон кој мечот го следи дирекно од ложата на стадионот во Катар..
Аргентина поведе во 23 минута преку Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.
Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.