Смртта на Синиша Михајловиќ го потресе фудбалскиот свет особено оние кои го познаваа и кои низ годините имаа можност да соработуваат со него, да го делат теренот, победите, поразите.
Еден од таквите е нашата фудбалска легенда, Илија Најдоски кој заедно со Михајловиќ беше дел од златната генерација на Црвена звезда која успеа да ја освои европската титула.
-Чест ми е што познавав таков човек и играч. Пред се човечката величина каков што беше Синиша. Да се познава таков човек и играч е привилегија. Ќе го паметам затоа што ги имавме истите квалитети. Никогаш не се предававме и секогаш одевме до крај, но за жал, сега не издржа -рече Најдоски на комеморацијата на стадионот „Рајко Митиќ“.
Михајловиќ почина по долга борба со леукемија. Погребот ќе се одржи в понеделник во Рим.