Досегашниот фудбалер на Лајпциг и француски репрезентативец Кристофер Нкунку ќе ја продолжи кариерата во Челзи, откако постигна договор со лондонскиот клуб, тврди добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Според истиот извор, двата клуба постигнале договор, а Нкунку ќе му се приклучи на Челзи по завршување на сезоната.
Францускиот фудбалер има договор со Лајпциг до јуни 2026 година и според информациите Челзи за предвремен раскин на договорот на бундеслигашот ќе му плати обесштетување во износ од 70 милиони евра.
Нкунку (25) е член на Лајпциг од 2019 година кога дојде од ПСЖ.
За француската репрезентација досега има осум настапи, а Мундијалот во Катар го пропушти поради повфреда.