Синиша Михајловиќ остави голема трага на овие простори, па неговата смрт погоди многу луѓе. Секој на некој начин се обидува да му оддаде почит на легендарниот ас, а според последните информации кои доаѓаат до Србија има иницијатива националниот стадион да се вика Синиша Михајловиќ, иницијатива која му се допаѓа и на претседателот на оваа земја, Александар Вучиќ.
-Јас бев еден од оние кои го поддржуваа, не само на малите екрани, туку и на секој натпревар низ поранешна Југославија и надвор од неа. Тој е дел од животот на мојата, малку постарата генерација и еден од луѓето што сите ги сакаа. Тој беше човек со огромно срце и храброст и човек кој ги сакаше Звезда и Србија и српскиот народ и затоа има толкава тага меѓу луѓето, -рече Вучиќ и додаде:
-Го сретнав неколку пати во животот, разговаравме и тој беше човек со неверојатна спонтаност и искреност. Тоа е нешто што ретко се среќава и никогаш не се заборава. Беше сигурен во себе, полн со самодоверба и така играше, затоа сите верувавме во него. Не можам да го заборавам, како и некои други великани, но сигурно Синиша е еден од оние кои засекогаш остануваат во нашите срца. Гледам некои покренаа иницијатива националниот стадион да го носи неговото име… Некои луѓе ќе решаваат за тоа, но тоа не е лоша идеја -порача Вучиќ.
Само за потсетување популарниот Миха почина откако ја загуби битката со леукемијата.