Во продажба билетите за ракометниот спектакл „Сите ѕвезди”, приходот во хуманитарни цели

Од денеска се пуштени во продажба билетите за ревијалниот натпревар меѓу македонските ракометни ветерани и актуелните репрезентативци, што ќе биде збогатен со музички хепенинг, а средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ракометниот спектакл, насловен „Сите ѕвезди” ќе се одржи на 3. јануари во салата „Борис Трајковски” во Скопје со почеток во 19 часот.

Билетите по цена од 250 и 300 денари можат да се купат преку продажната мрежа „МКтикетс’, а целиот приход ќе биде наменет за „СОС Детско село”, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Ревијалниот натпревар ќе биде збогатен со музичка програма на која ќе настапат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Водител на настанот ќе биде актерот Сашко Коцев.

Треба да знаете
Последни објави