Лотар Матеус, легендарниот германски фудбалер, истакна дека Кристијано Роналдо за него е најголемото разочарување на Светското првенство кое се одржа во Катар. Поранешниот ас, кој ја предводеше Германија до титулата на Светското првенство во 1990 година, го спореди Португалецот со Меси.
-Роналдо беше целосна спротивност на Лео Меси. Тој сè направи погрешно. И за себе и за репрезентацијата. Неверојатен фудбалер, кој без потреба уништува се што создал низ годините. Жал ми е, бидејќи не мораше да биде така. Роналдо е најголемото разочарување на ова Светското првенство. Со своето его Роналдо се повреди себе си и својата репрезентација. Искрено не би можел да го замислам во друг клуб, можам да кажам дека дури и ми е жал за него, пишува Матеус во својата колумна за германски „Билд“.
Роналдо на три натпревари во Катар започна како стартер, на два влезе од клупата и постигна само еден гол. Португалија беше елиминирана од Мароко во четврт-финалето.