Посмртните останки на Синиша Михајловиќ (53 г.) кој ја загуби битката со леукемијата во петокот денеска во 11 часот ќе бидат испратени во вечноста. Легендарниот српски фудбалер и тренер, ќе биде погребан во Рим, каде живееше од 1992 година.
На погребната церемонија почнаа да пристигнуваат голем број на фудбалски легенди, членови на генерацијата на Црвена звезда кои настапуваа со Михајловиќ.
Хрватските фудбалери Роберт Просинечки и Звонимир Бобан испратија венец со порака: „Збогум Миха! Твои Роби и Белс“, а има и венци испратени од други клубови од Серија А, прославени играчи, тренери, спортски работници…
Пристигна и кумот Дејан Станковиќ, кој беше скршен од тага поради прераната смрт на популарниот „Барбика“.