Трабзон ќе го продава Барди оваа зима?

Македонскиот интернационалец Енис Барди би можел да си замине од Трабзон во зимскиот преоден рок. Според турските медиуми, Трабзон е подготвен да го продаде доколку понуда.

„Барди не е меѓу играчите кои важат за недопирливи. Доколку добие понуда во јануари, Трабзон ќе ја разгледа внимателно и доколку е доволно добра, Енис ќе може да го напушти клубот“, пишува „Сабат“.

Барди би можел да се врати во Шпанија каде за него е заинтересирана Алмерија.

Треба да знаете
Последни објави