Лионел Меси го освои единствениот трофеј што му недостигаше во блескавата кариера, ко крена пехарот на Светското првенство во Катар. Аргентинецот сега оди на заслужен одмор до крајот на годината, а потоа ќе се врати во Париз каде ќе му се приклучи на тимот на ПСЖ.
Во исто време, раководството на Пари Сен Жермен, особено по еден ваков Мундијал, прави се за да го убеди Меси да потпише нов договор до летото 2024 година.
Сепак, за негово враќање сонува и Барселона. Тренерот Чави го чека со раширени раце, а каталонскиот гигант смета дека Барса е неговиот дом каде треба да ја заврши кариерата во Европа.
Она што е сигурно е дека сезоната 2023/24 ќе биде последна за Меси на Стариот континент, многумина потоа го гледаат во Интер Мајами, а не е невозможно тоа лето, по Копа Америка, да се прости и од репрезентацијата на Аргентина.