Голманот Емилијано Мартинез, еден од аргентинските херои на 22.Светско првенство во Катар, режираше уште еден скандал кој не остана незабележан во моментите на прославата на шампионската титула за Аргентина.
Во текот на турнирот Мартиназ покрај со своите брилијантни одбрани, вниманието на јавноста го привлече и со своите непримерни реакции.
Во четврт-финалето против Холандија, откако два пати одбрани удари од белата точка и ја однесе Аргентина во следната рунда, го пцуеше селекторот на „лалињата“ Луј ван Гал.
Синоќа, непримерно славеше со трофејот кој му припадна за најдобра голман, а во соблекувалната без потреба го навреди стрелецот на трите гола за Франција, Килијан Мбапе.
Мартинез од соиграчите побара минута молчење за Мбапе !
“A minute of silence for … Mbappe!” ????
Emiliano Martinez during Argentina’s dressing room celebration.
(via nicolasotamendi30/Instagram) pic.twitter.com/dwm3IrUNWG
— ESPN FC (@ESPNFC) December 18, 2022