Перишиќ го возбуди Сплит: Нема уште долго да чекате на мое враќање во Хајдук!

Хрватската ѕвезда на лондонски Тотнем, Иван Перишиќ го збесна Сплит за време на дочекот на бронзените од Катар, откако навивачите на Хајдук почнаа да му скандираат „Иване, време е“, најавувајќи дека нема уште долго да чекаат на негово враќање на „Пољуд“.

Перишиќ уште пред четири ипол години на дочекот после среброто во Русија најави дека планира да се врати во Хајдук, но сè уште како што вели има незавршена работа во Европа, која нема да трае долго пред да дојде во таборот на „билите“.

„Пред четири ипол години тука беше прекрасно и ветив некои работи, ама не кажав кога. Но, ќе биде наскоро. Нема сигурно да чекате уште четири години. Имам уште малку работа на Запад. Ви благодарам уште еднаш зашто без вас ова не беше можно да се направи. Да се повтори ова може само голема екипа. Жал ми е што не сме први, ама мислам дека следните генерации ќе отидат до крајот. Сакам да прославиме светска или европска титула со вас, а по титула со нашиот надраг Хајдук ви реков ќе одиме многу брзо, само нема да ви кажам која година“, истакна Перишиќ.

Треба да знаете
Последни објави