Погребан Михајловиќ, ковчегот го носеа Станковиќ и Манчини

Прославениот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемија, денеска беше погребан во Рим.

На последното испраќање на легендарниот Миха присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и голем број негови поранешни соиграчи и познати фудбалски имиња.

Италијанската телевизија РАИ 1 во живо го пренесуваше погребот на Синиша Михајловиќ и емитуваше специјална емисија посветена на играчот и стручњак кој остави длабока трага во Италија.

Последните пораки до Михајловиќ ги испратија УЕФА и ФИФА, а на погребот дојдоа и познати српски фудбалери. Дејан Станковиќ, чиишто кум беа синовите Синиш, потоа селектор на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси, Владимир Југовиќ, Зоран Бата Мирковиќ, Славиша Јокановиќ, Гордан Петриќ, Жељко Петровиќ, Драган Речко Антиќ…Хрватските фудбалери Роберт Просинечки и Звонимир Бобан испратија венец со порака: „Збогум Миха! Твои Роби и Белс“.

Пристигна и комплетниот тим на Роман Лацио предводен од капитенот Чиро Имобиле, а како што пренесуваат српските медиуми со себе го донеле славниот орел и со тоа му покажале голема чест на Михајловиќ.

Ковчегот со телото на Синиша Михајловиќ во првите редови од базиликата го изнесоа неговите пријатели Дејан Станковиќ и Роберто Манчини, а потоа со автомобил беше пренесен до блиските гробишта каде што прославениот српски фудбалер беше погребан опкружен со семејството.

Михајловиќ беше испратен со аплауз и песна од навивачите на Лацио, кои исто така одржаа факел во чест на својот поранешен играч. Во Лацио Михајловиќ остави најдлабока трага, но пред тоа две години играше за Рома, а да го испратат легендите на Вучица, Франческо Тоти и Даниеле Де Роси.

Од својот поранешен тренер се прости и целиот тим на Болоња, на чија клупа Михајловиќ седеше до почетокот на септември.

На Михајловиќ во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија по што поранешниот европски и светски првак со Црвена ѕвезда почна долга борба со болеста. Неговата здравствена состојба во еден период се подобри по што повторно ја презеде Болоња, но болеста потоа се врати.

Роден во Вуковар, Михајловиќ кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Со Црвена ѕвезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата со Дарко Панчев и Илија Најдоски., а беше и шампион на Италија со Лацио и Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот.

За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.

Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Заедно со Џузепе Сињори се единствените играчи во историјата на Серија А кои постигнале три голови на еден натпревар од слободни удари. Синиша Михајловиќ го држи и рекордот, заедно со Андреа Пирло, според бројот на постигнати голови во Серија А од слободни удари (28).

Српскиот фудбалер во 2019 година беше прогласен за почесен граѓанин на Болоња.

Како тренер во два наврати ја предводеше Болоња, а седеше и на клупите на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино., како и на репрезентацијата на Србија.

Треба да знаете
Последни објави