Феникс продаден за рекорни 4 милијарди евра

Милијардерот Мат Ишбија ќе стане нов сопственик на Феникс Санс и ВНБА клубот Феникс Меркјури, а тоа ќе го чини четири милијарди долари, објави во вторникот ЕСПН.

Сегашниот сопственик Роберт Сарвер го објави својот план да го продаде клубот откако беше суспендиран на една годината и казнет со 10 милиони долари поради наводи за расизам и малтретирање на вработените.

Тоа би било најголема сума за купување на НБА клуб, надминувајќи го претходниот рекордер Џои Цаи, кој купи пакет акции од Бруклин за 3,2 милијарди долари во 2019 година.

По неколку неуспешни обиди за влез во НБА и НФЛ лигата, првиот човек на корпорацијата за недвижнини „UWM“ Холдин конечно стигна до посакуваната цел. Тој ќе го купи Феникс Санс  и со тоа ќе стане втората најголема трансакција во историјата на спортот, веднаш по Челзи, кој оваа пролет беше продаден на Тод Боли за 5.250.000.000 долари.

Ишбија беше шампион на NCAA со државата Мичиген во 2000 година, на која донираше 32.000.000 долари за развој во 2021 година, најголемата поединечна донација досега.

Мет Ишбија моментално е 502. најбогат човек во светот, а неговото богатство се проценува на над 5.000.000.000 долари.

Феникс допрва треба да објави нешто официјално.

Треба да знаете
Последни објави