Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд конечно ги решија своите тужби и противтужби за клевета, ставајќи крај на најогорчениот холивудски развод во поново време.
Херд во објава на Инстаграм во понеделникот соопшти дека ќе ја реши тужбата за клевета што ги покрена против неа поранешниот сопруг Џони Деп.
Одлуката да се спогоди со Деп ја опиша како многу тешка, додавајќи дека ваквиот потег уследил по многу размислување.
Актерката од „Аквамен“ (36), во објавата на својата страница на Инстаграм, напиша: „За мене е важно да кажам дека никогаш не го избрав ова. Ја бранев својата вистина и со тоа ми беше уништен животот. Омаловажувањето и навредите со кои се соочив на социјалните мрежи се засилена верзија на начинот на кој жените повторно и повторно се виктимизирани кога ќе истапат во јавност.“