Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши годината на 65. место на ФИФА рејтинг листата. На врвот е Бразил, пред светскиот шампион Аргентина и финалистот од Мундијалот 2022, репрезентацијата на Франција.
Белгија падна на четвртото место, а во Топ 10 се и: Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.
Покрај Англија и Италија, од противниците на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, Украина котира на 26-та позиција, додека Малта е на 167-то место.