Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, најави дека лондонскиот тим ќе бара засилување во јануарскиот преоден рок, пренесува Гардијан.
„Ќе бидеме активни во преодниот рок оваа зима, секогаш сме активни и ќе ги разгледаме најдобрите можности кои ни се нудат. Кога велам дека ќе бидеме активни, тоа значи дека ќе бараме начин да го засилиме тимот”, изјави Артета.
„Секогаш бараме играч, кој има профил и кој би може да донесе квалитет што не носи на следното ниво”, додаде тренерот на Арсенал.
Првиот следен натпревар Арсенал го игра против градскиот ривал Вест Хем на 26 декември во рамки на 17. коло во Премиер лигата.