Британското кралско семејство го дочекува својот прв Божиќ без кралицата Елизабета.И токму затоа, Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит во своето емотивно обраќање на мисата со бадникови песни во Вестминстерската опатија.
Принцезата од Велс нагласи дека покојната кралица ги поврзуваше луѓето и инспирираше многумина.
„Нејзиното височество го носеше Божиќ во своето срце. Таа на сите ни покажа како изгледа емпатија и сочувство и секогаш не потсетуваше на важноста на надежта, семејството и пријателството. Решивме да го посветиме овој концерт на кралицата Елизабета и на сите оние кои повеќе не се меѓу нас. Божиќ без неа никогаш нема да биде ист,“ рече Кејт.
На традиционалниот божиќна миса присуствуваа сите членови на кралското семејство вклучувајќи го кралот Чарлс Трети, неговата сопруга Камила, принцот Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Неколку часа пред почетокот на божиќниот концерт, на Твитер-профилот на принцот и принцезата од Велс беа објавени празнични фотографии со украси со на елката пред Вестминстерската опатија. „Во очекување на нашите гости, ги славиме оние кои повеќе не се со нас и ѝ оддаваме почит на нејзиното покојно височество кралицата,“ стои во описот на објавата.