Ахмед Ал Барвани милијардерот од Оман, му понудил пари на Лионел Меси за наметката што Аргентинецот ја носеше кога го подигна трофејот на Светското првенство во Катар.
Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, на Меси му подари бишт (свечена наметка)а што ја носеше за време на доделувањето на пехарот по финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Франција.
Потегот на емирот да му подари наметка на Меси, предизвикаа бројни пофалби на социјалните мрежи во регионот во знак на почит, но во исто време предизвикаа и поплаки кај навивачите и корисниците на социјалните мрежи во другите делови од светот.
Сега Ахмед Ал Барвани, член на Советот на оманската шура и поранешен потпретседател на Адвокатската комора на Оман, понудил дури еден милион долари за да го купи бишот на Меси.
„Од султанатот Оман ви испраќам честитки за победата на Светското првенство во Катар. Арапскиот бишт е симбол на благородност и мудрост. Ти нудам 1.000.000 долари во замена за него“, напиша Ал Барвани на Твитер.
Потоа адвокатот од Оман даде изјава за локалните медиуми во која додаде:
„Бев на стадионот и во живо го гледав моментот кога емирот на Катар му ја подари наметката на Меси. Тоа беше момент во кој светот сфати дека сме тука, дека тоа е дел од нашата култура. Турнирот беше извор на гордост и ги истакна важните факти дека не сме ја заборавиле Палестина и дека арапскиот свет е обединет“, додаде Ал Барвани.
Од Меси нема одговор на понудата, а тешко и дека ќе има. Свесен е и за честа што ја доби, особено што и неговите Ал Тани е газда на ПСЖ.