Со сечење на црвената лента и богата музичка програма синоќа свечено беше отворен СН Мото Центарот – нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, која ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот.
СН Мото центарот е инвестиција на СН Осигурителен Брокер АД Битола, тешка 2,4 милиони евра.
Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. СН Мото Центарот располага со 1.847 метри корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.