Лионел Меси, капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација која изминатат недела ја освои титулата светски првак на Мундијалот во Катар, е во центарот на вниманието. Еден од најдобрите играчи во светот ја напреви оваа генерација на „гаучосите“ да остане бесмртна, да биде запишана со големи букви во историјата.
Меси како најискусен го предводеше тимот на патот кон успехот кој во Аргентина се чекаше 36 години.
Напаѓачот добива комплименти од сите страни, од големи фудбалски имиња, стратези, колеги, група во која се приклучи и легендарниот шпански стратег, поренешен трофеен селектор на Шпанија под чие водство „црвената фурија“ го покори светот, Висенте Дел Боске.
-Најдобриот играч што сум го видел е Меси. Помеѓу Кристијано Роналдо и Меси, ќе го земам Меси. Тој имаше фантастични сезони и секогаш го водеше својот тим напред – вели Дел Боске кој своевремено се обидувал да го натера Лео да игра за Шпанија.
-Направив се за да го убедам Меси да игра за Шпанија. Ама Лионел одби поради љубовта која ја има кон својата земја – потенцира стратегот.