Доскорешниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, бил ограбен викендов во Рио де Женеиро, а локалните медиуми јавија дека крадецот му „одржал и лекција” поради неуспехот на неодамнешното Светско првенство во Катар.
Како што се наведува, на Тите насилно му било одземено златно ланче, а дел од медиумите јавија дека му бил украден и паричникот.
Бразил во четвртфиналето на Мундијалот беше елиминиран од Хрватска на пенали, а Тите по натпреварот поднесе оставка на селекторската должност.