Екипата на Филаделфија славеше над Њујорк Никс со 119-112 во првата средба од Божиќната програма во НБА лигата.
Избраниците на Док Риверс потврдија дека се во одлична форма и го освоија „Медисон Сквер Гарден“ за осма победа во низа во најсилната лига на светот. Во главна улога беа Ембид и Харден, првиот уфрли 35 поени со што беше доволно да испише нова клупска историја.
Имено ова за центарот беше трет меч на Божиќ со +30 поени со што ги мина Били Канингем и Долф Шејс, односно сега е број еден во историјата на Фили во оваа категорија. Харден пак имаше дабл-дабл од 29 поени и 13 асистенции.
Кај поразените залудни беа 35 кошеви на Рендл.