Францускиот фудбалски стратег Зинедин Зидан е главен кандидат за нов селектор на Бразил, објави весникот Л’Екип.
Брзилската фудбалска репрезентација остана без селектор, откако предводникот Тите замина од должноста по елиминацијата во четвртфиналето.
Францускиот весник тврди дека Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) сака странец за селектор, а прв избор беше Италијанецот Карло Анчелоти, кој, меѓутоа, најави дека нема намера да ја напушти клупата на Реал Мадрид.
– Челниците на ЦБФ сметаат дека Зидан е идеален кандидат за клупата на репрезентацијата, која не ги исполни очекувањата на Мундијалот во Катар. Тие се импресионирани од резултатите на Зидан во изминатиот период. Францускиот тренер е фаворит за селектор, бидејќи од 2021 година е без ангажман по заминувањето од Реал”, наведува францускиот весник.
Зидан (50) го предводеше Реал од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година и со шпанскиот тим освои вкупно 11 трофеи.