Џенаро „Рино“ Гатузо открива дека неговиот татко се заканил дека ќе го истепа ако не потпише за Ренџерс поради парите кои ги нуделе за трансферот. Поранешниот италијански фудбалер, кој сега е тренер на Валенсија, пристигна на „Ајброкс“ во 1997 година, пред само година подоцна да биде продаден за 4 милиони фунти на Салернитана бидејќи новиот тренер Дик Адвокат не го „мирисаше“.
По ова, тој потпиша за Милан, со кои освои две титули од Серија А и две од Лигата на шампионите, како и светска титула со Италија во 2006 година.
„Не сакав да одам во Глазгов. Одиграв ва меча во Серија Б и влеговме во Серија А со Перуџа, каде што играв осум меча без договор. Потоа играв и на У-19 финалето со Италија. Еден ден дојде мојот татко и ми кажа дека луѓето од Глазгов ренџерс се во градот и дека ми нудат договор. Не сакав да одам и му го кажав тоа. Тој ми кажа дека парите кои ги нудат се големи и дека не можел да ја напише цифрата. Тоа беше четири пати повеќе од неговата вкупна заработувачка во животот. Кога му повторив дека не одам, тој ми кажа дека ќе ме истепа ако не го прифатам. Така станав играч на Ренџерс. Отидов во Глазгов и не знаев никого и не знаев два збора на англиски. Но, по две недели, изгледав повеќе како Шкотланѓанец од вистинските Шкотланѓани. Тренирав три-четири пати дневно и се градев со тој менталитет. Знаев дека немам добра техника, но бев подготвен да го убијам противникот. Го посветив мојот живот на фудбалот“, вели Гатузо.