Македонската кошаркарска федерација вечерва ги додели признанијата за најдобрите за годината која изминува. Би рекле голем дел се очекувани.
Најдобар тренер во странство е Емил Рајковиќ. Македонскиот стратег долго време е наша гордост, а дека станува збор за квалитетен тренер, потврда дојде со новиот ангажман во ЦСКА Москва. Најдобар кошаркар кој настапува во странство е Ненад Димитријевиќ, кој засега е број еден македонско име. Нено од оваа сезона е член на Уникс Казан, каде е еден од лидерите.
МЗТ Скопје, актуелниот бранител на титулата, очекувано е прогласен за најдобар тим во сениорска конкуренција. Покрај тоа што дојде до нов пехар, успеа да се врати во АБА-лигата. МЗТ Скопје го освои и Супер-купот.
Најдобар кошаркар во машка сениорска конкуренција од домашното првенство е Војдан Стојановски, кој се врати во Македонија и стана еден од лидерите во таборот на МЗТ Скопје. Признанието за најдобар домашен тренер му припадна на Александар Петровиќ, кој освои титулата со „сино-белите“, успеа да го однесе тимот во АБА-лига, а таму откако не се снајде најдобро, се раздели со тимот од Аеродром.
Најдобар млад тим е Работнички, додека број еден млад играч е Андреј Шошкиќ, кој играше за репрезентацијата до 18 години, но од оваа сезона добива сериозна минутажа во сениорскиот тим на Работнички.
Баскет Кам е најдобра женска екипа во сениорска конкуренција, додека во младинска тоа Крива Паланка.
Најдобра млада кошаркарка е Михаела Алексовска од Крива Паланка, додека во сениорска е прогласена Александра Стојановска. Александар Ашаданов е најдобар тренер во женска конкуренција.
-најдобар кошаркар – Војдан Стојановски (МЗТ Скопје)
-најдобра кошаркарка – Александра Стојановска (Бадел 1862)
-најдобар млад кошаркар – Андреј Шошкиќ (Работнички)
-најдобра млада кошаркарка – Михаела Алексовска (Крива Паланка)
-најдобра машка екипа (сениори) – МЗТ Скопје
-најдобра женска екипа (сениорки) – Баскет Кам
-најдобра машка екипа (младински лиги) – Работнички
-најдобра женска екипа (младински лиги) – Крива Паланка
-најдобар тренер на машка екипа (сениори) – Александар Петровиќ (МЗТ Скопје)
-најдобар тренер на женска екипа (сениорки) – Александар Ашаданов
-најдобар тренер на машка екипа (младински лиги) – Александар Јованчев (Вардар)
-најдобар тренер на женска екипа (младински лиги) – Мирослав Ивановски (Крива Паланка)
-најдобар играч во 3×3 – Христијан Ристов (Кино Влае)
-најдобра екипа во 3×3 – „Кино Влае“
-најдобар кошаркарски судија – Александер Павлов
-најдобар македонски тренер во странство – Емил Рајковиќ (ЦСКА Москва)
-најдобар македонски играч во странство – Ненад Димитријевиќ (Уникс Казан)
-најдобра младинска репрезентативна селекција – машка кадетска селекција под 16 години