Њукасл јунајтед на Еди Хау продолжуваат со одличната форма и по рестартот на Премиерлигата на „Боксинг деј“, откако стигнаа до доминантна 0:3 победа на гости кај Лестер, со што се искачуваат на второто место на табелата, со само два поени зад лидерот Арсенал.
Празничното коло помина во знакот на гостите – Фулам со 3:0 го победи Кристал палас во меч во кој домаќините добија два црвени картони, а слично импресивна 3:1 победа имаа Брајтон на гости кај Саутемптон во „јужњачкото“ дерби. Вулверхемптон пак, под водство на новиот тренер Хулен Лопетеги успеа да стигне до 2:1 победа на гости кај Евертон со гол во 94. минута од мечот.
Само што почна мечот на „Кинг Пауер“, Њукасл доби пенал, кој Крис Вуд сигурно го реализираше во третата минута, за само четири минути подоцна по една фантастично проигрување од Бруно Гимараеш, парагавајската ѕвезда на Њукасл, Мигуел Алмирон го постигна својот осми гол во последните 9 кола во Премиерлигата. Победата беше потврдена во 32. минута, кога Жоелинтон постигна гол за високи 0:3.
ПРЕМИЕРЛИГА, 17.КОЛО
Кристал палас – Фулам 0:3
Евертон – Вулверхемптон 1:2
Лестер – Њукасл 0:3
Саутемптон – Брајтон 1:3