Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден реагираше на информациите дека може да се врати во Хјустон.
– Сега сум во Филаделфија, прикажуваме одлична игра. Не знам од каде доаѓаат овие гласини. Ми се допаѓа сегашниот клуб, Сиксерси продолжуваат да стануваат посилни, изјави Харден за „Bleacher Report”.
Претходно беше објавено дека 33-годишниот Харден не планира да го продолжи договорот со Филаделфија и размислува за враќање во Хјустон летото 2023 година.
Американецот играше за Рокетс од 2012 до 2021 година.