Напаѓачот Коди Гакпо има шестгодишен договор со Ливерпул, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Според добриот познавач на случувањата во европскиот фудбал, сите точки од договорот на „црвените” со 23-годишниот Холанѓанец веќе се договорени.
Претходно клубот од Ајндховен го објави трансферот на 23-годишниот Холанѓанец во Ливерпул.
„The Athletic” објави дека сумата за трансфер ќе биде 45 милиони евра.
Оваа сезона 23-годишниот крилен напаѓач забележа 14 настапи во холандската лига и постигна девет гола плус 12 асистенции.
На Светското првенство 2022, напаѓачот одигра пет натпревари за својата репрезентација и постигна три гола.