Шок за Вардар: Првотимецот Христов потпиша за Гостивар!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар доживеа голем шок откако еден од првотимците од есенскиот дел, напаѓачот Симеон Христов замина во есенскиот првак Гостивар, еден од главните ривали на црвено-црните во трката за враќање во Првата лига.

Христов, кој е дете на Вардар, а во кариерата играше за уште низа македонски клубови, но имаше и интернационално искуство, летоска дојде во клубот како засилување во новиот обид за најтрофејниот клуб да се врати во елитата, после неуспешната ланска сезона. Но, Христов после само шест месеци реши да си замине и да ги засили Гостиварци.

Тој во кариерата освен за Вардар играше и за Пелистер, Брегалница Штип, Тетекс, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија ЃП, Тиквеш, Борец и Работнички, а во странство за албанска Влазнија, Јужен Мијанмар, унгарските Вашаш и Егер.

Заминувањето на Христов во Гостивар е голем хендикеп за вардарци, зашто загубија искусен и многу борбен фудбалер, кој есеноска даде и четири гола за црвено-црните, еден помалку од најдобриот стрелец на клубот Дарио Десниќ.

Треба да знаете
Последни објави