Повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар.
Според „Calciomercato”, Барселона била заинтересирана за 26-годишниот Французин, но сега Каталонците го свртеле вниманието кон Том Муние од Борусија Дортмунд.
Павар се пресели во Баерн во 2019 година од Штутгарт. Договорот на дефанзивецот е со важност до крајот на јуни 2024 година.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра.
Во сезоната 2022/23, Павард постигна четири гола на 21 натпревар за Баерн.