Ѕвездата на Далас, словенечкиот кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ го одбележа натпреварот против Њујорк со постигнати 60 поени, оставрени 21 скок и 10 асистенции и така стана првиот кошаркар во историјата на најсилната лига НБА кој има ваков скор на еден натпревар.
Словенецот го поведеше својот тим во „Американ Еирлајнс Центарот“ во Далас до победа низ драматична завршница против Њујорк кој го добија со 126:121 во продолжение. Дончиќ одигра историска партија во беспоштедна битка до самиот крај. Далас предводен од Дончиќ направи подвиг со тоа што избори продолжение, бидејќи во последната минута имаше негатива од пет поени.
На останатите натпреаври Бостон го победи Хјустон 126:102, Лос Анџелес Лејкерси беше подобар од Орландо (110:129), Вашингтон триумфираше дома со Филаделфија (116:111), Индијана ја совлада Атланта (129:114), Клиперси триумфираа во Торонто (113:124), Оклахома победи со Сан Антонио (130:114), Голден Стејт го доби Шарлот (110:105), а гостинска ппобеда забележа и Феникс во Мемфис (108:125).